Свет

Бајден: Путин е обичен насилник, убиец, диктатор

Бајден: Путин е обичен насилник, убиец, диктатор

Американскиот претседател Џо Бајден во денешниот говор за одбележување на Денот на Свети Патрик го нарече рускиот претседател Владимир Путин „обичен силеџија“.

Бајден рече дека Путин е „диктатор и убиец, обичен бандит кој води неморална војна против народот на Украина“.

„Путин плаќа висока цена за својата агресија“, рече Бајден.

Бајден го коментираше и претстојниот разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг, кој ќе се одржи утре.

„Тој не верува дека демократијата може да се одржи во 21 век“, рече тој

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни