Пред куќата на поранешниот премиер на Бугарија Бојко Борисов се собраа голем број на граѓани и поддржувачи на Герб кои бараат правда за Бојко Борисов.
Тука е и неговиот адвокат Менко Менков на кој не му е дозволен влез во куќата.
„Не знам кого да го барам. Не можам да се поврзам со мојот клинет Бојко Борисов. Не знам кој е внатре, кој врши контрола. Очекувам и мене да ме задржат откако не ме пуштаат внатре“, рече адвокатот Менко Менков пред БТВ.
Подоцна бугарската телевизија информираше дека тој успеал да влезе во куќата на Борисов.
ПРИВЕДЕН БОЈКО БОРИСОВ – голема полициска акција во Бугарија