Британската агенција за контрола на медиумите „Офком“ објави дека ја укинала дозволата за емитување на „РАША ТУДЕЈ“ (РТ), радиодифузерот на руската држава „со непосреден ефект“.
Во изјавата дадена од Офком, се наведува дека при донесувањето на споменатата одлука биле земени предвид „голем број фактори“, вклучително и финансирањето на РТ од страна на руската држава која го започна нападот врз Украина.
„Одлуката на Офком дојде во присуство на 29 тековни истраги за актуелните настани на РТ во врска со рускиот напад врз Украина и неутралноста на вестите на РТ“, се вели во соопштението.
Во соопштението беше наведено дека Офком сериозно ја сфаќа важноста за одржување на довербата на јавноста, како и довербата на публиката во регулаторниот режим за емитување во ОК, но беше заклучено дека не е задоволно што РТ може да биде одговорен радиодифузер под сегашните услови.
„Затоа, Офком веднаш ја одзема дозволата за емитување на РТ“, се вели во соопштението.