Свет

Брат и сестра се загубиле во шума во Амазон – пронајдени после четири недели

Брат и сестра се загубиле во шума во Амазон – пронајдени после четири недели

Брат и сестра, кои исчезнаа во амазонската прашума во Бразил, беа пронајдени четири недели подоцна и беа хоспитализирани.

Осумгодишната Глауко Фереира и нејзиниот шестгодишен брат Глисон исчезнаа на 18 февруари во шумата во близина на градот Маникор додека се обидуваа да фатат мали птици.

Стотици луѓе од градот се мобилизираа во потрага по двете мали деца. Пребарувањата што траеја 4 недели беа неуспешни.

Сезоната на дождови во амазонската шума многу ги отежнала напорите за пребарување.

Додека надежта избледе, добри вести стигнаа од двајца браќа. Малите деца во вторникот случајно ги пронашол шумар.

Децата се пренесени во болница.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни