Свет

Момчето (11) кое само побегна од Украина: Сакав да плачам бидејќи бев без мајка ми …

Момчето (11) кое само побегна од Украина: Сакав да плачам бидејќи бев без мајка ми …

Сите беа нервозни поради војната и беше тешко да се патува низ Украина. Бев многу исплашен. Сакав да плачам бидејќи секогаш бев со мајка ми, а тоа беше прв пат да ја напуштам, изјави малиот Хасан.

Хасан ал Калаф (11) е момче кое сам го поминало патот од Украина до Словачка за да избега од војната.

Тие 1.000 километри ги поминал само со торба, мобилен телефон и пасош, а на раката му бил испишан бројот на мобилниот телефон за да стапи во контакт со семејството. Си-Ен-Ен разговараше со момчето .

– Сите беа нервозни поради војната и беше тешко да се патува низ Украина. Бев многу исплашен. Сакав да плачам затоа што постојано бев со мајка ми, а тоа беше првпат да ја напуштам – рекол Хасан.

Од Запорожје, град во источна Украина, Хасан патувал сè до Братислава. Таму го пречекаа постарите браќа и сестри. Тие претходно отпатувале во Словачка бидејќи еден од браќата студирал во таа земја.

– Верував дека ќе се сретнеме бидејќи е многу паметен. Можеше да ни се јави, па му помогнавме – изјавила една од сестрите во интервју за CNN.

Мајката на Хасан го испратила сам бидејќи не можела да ја остави неподвижната мајка. Меѓутоа, таа во вторникот пристигна и во Словачка и веднаш побрза кај остатокот од семејството.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни