Свет

САД најдолга блокада на администрацијата, 800.000 административци немаат плата

Делумната блокада на американската влада влезе во 22 ден и со тоа е најдолга во историјата. Пари за продолжување на работата засега не добиле девет од 15 американски министерства  додека Министерството за одбрана и Министерството за ветерани засега работат непречено.

Моментната состојба, според американски медиуми, ќе трае најмалку уште неколку денови, а демократите и понатаму одбиваат барање на претседателот Доналд Трамп за одобрување на 5,7 милијарди долари за изградба на ѕид на границата со Мексико.Околу 380.000 вработени во администрацијата не работат, а околу 420.000 работат без плата.

 

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни