Свет

Бројот на загинати во превртениот траект во Бангладеш се искачи на 7

Бројот на загинати во превртениот траект во Бангладеш се искачи на 7

Бројот на лицата кои ги загубија животите како последица на превртувањето на траектот што вчера се судри со товарен брод во Бангладеш се зголеми на 7.

Најмалку 20 лица се водат за исчезнати во несреќата што се случи во реката Шиталакшја во главниот град Дака.

Досега се пронајдени телата на 7 лица, а околу 20 луѓе се спасени.

По несреќата товарниот брод бил запленет.

Владата најави формирање на 2 истражни комисии за несреќата.

Фериботот, на кој се проценува дека има околу 60 патници, вчера се судри со товарен брод во реката Шиталакшја во главниот град Дака.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни