Српски државјанин Н.М.(29), бил застрелан од колега во просториите на неговата фирма во Чикаго, по што починал, повредена е уште една девојка, а според локалните медиуми наводно се работи за лице од Македонија.
Според медиумите, Афроамериканецот, чиј идентитет полицијата сè уште не го соопштува, инцидентот го започнал во канцеларијата на транспортната компанија „Winners Freight LLC“, која е во сопственост на убиениот Србин и продолжил во друга фирма чии простории се во истата деловна зграда.
Сопственикот на другата фирма е Македонец, а спореед првичните информации повредената е исто така од Македонија.
Според нив, здравствената состојба на ранетото девојче од Македонија, е стабилна и таа е надвор од животна опасност.
Претходно беше објавено дека убиецот неодамна работел во фирмата „Винерс Фрејт ДООЕЛ“, откако лично му се јавил на сегавеќе убиениот и побарал да го вработи.
Работел само на едно возење, а полицијата ќе утврди што го мотивирало да изврши вакво страшно злосторство.
Вооружениот напаѓач потоа побегнал од местото, а полицијата набрзо го пронашла на улицата Медисон. Кога бил опколен и повикан да се предаде, осомничениот очигледно си пукал во главата.