Во соопштението на јужнокорејската армија се наведува дека се уште не е познато дали лансираната ракета била балистичка и до каде била лансирана.
Јапонското Министерство за одбрана исто така соопшти дека Северна Кореја можеби истрелала балистичка ракета.
Јужнокорејските воени претставници изјавија дека внимателно ги следеле чекорите на Северна Кореја, која исто така извршила „неуспешен“ тест на балистичка ракета на 16 март.