Свет

Руски воени бродови изгореа во Бердјанск (ВИДЕО)

Руски воени бродови изгореа во Бердјанск (ВИДЕО)

Рускиот десантен брод Орск, Руската Црноморска флота, е униш

тен во напад на пристаништето Бердјанск утринава, соопшти морнарицата на Украина.

 

Снимките од социјалните мрежи покажуваат огромен пожар на бродот, како и најмалку уште еден оштетен брод што го напушта пристаништето со пожар на палубата.

Чад излегува и од објектите на копното. Уништени се уште едно складиште за муниција и цистерни со гориво, соопшти украинската морнарица.

Руските бродови неуспешно се обидоа да го одбијат нападот, во кој, според непотврдени извештаи, учествувале и беспилотни летала.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни