Свет

Британска влада: Руски платеници се обидуваат да го убијат Зеленски

Британска влада: Руски платеници се обидуваат да го убијат Зеленски

Повторно на дневен ред се наводите дека ќе биде убиен украинскиот претседател Зеленски. Велика Британија најави нови санкции против руската платеничка компанија Вагнер. Беше објавено дека платеници биле ангажирани да го убијат Зеленски.

Британската влада ги објави санкциите наметнати на Вагнер, платеничка група поврзана со Русија, со образложение дека тој се подготвувал да го убие Зеленски.

Во соопштението се нагласува дека се верува дека Русија нарачала платеничка група да го убие претседателот на Украина, Зеленски.

Не беа дадени докази или дополнителни детали во врска со тврдењето.

Британскиот печат претходно го изнесе тврдењето дека Зеленски бил цел на платеници поврзани со групата Вагнер.

Од почетокот на војната, украинскиот лидер Зеленски исто така тврди дека цел број еден на Русија е тој самиот.

Русија, од друга страна, ги опиша наводите за атентатот против Зеленски како „сериозна психоза на западните медиуми“.

Московската администрација, исто така, негира дека е поврзана со групата Вагнер.

Европските безбедносни претставници во февруари соопштија дека стотици платеници на Вагнер преминале во источна Украина.

Велика Британија, ЕУ и САД веќе воведуваат санкции за поединци поврзани со групата Вагнер.

Познато е дека групацијата Вагнер работи во многу земји, особено во Либија и Сирија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни