Портпаролот на Кремљ, Песков, ги негираше наводите дека Русија дека користела фосфорни бомби и хемиско оружје, велејќи: „Никогаш не сме ги прекршиле меѓународните договори“.
Портпаролот на Кремљ, осврнувајќи се на многуте предупредувања на САД дека Русија може да употреби хемиско оружје, го опиша тврдењето како „тактика на Вашингтон да го одвлече вниманието од сопствената програма за хемиско и биолошко оружје“.
Одговарајќи на тврдењето дека Русија користела фосфорни бомби во Украина, портпаролот Песков рече: „Никогаш не сме ги прекршиле меѓународните договори“.
Наведувајќи дека САД биле делумно ефикасни во напорите да ја изолираат Москва, Песков на барањето на Бајден Русија да биде отстранета од Г-20 одговори: „Светот е многу поразновиден од САД и Европа“.
Тој изјави дека на рускиот претседател Путин ќе му биде претставен предлог како да се одговори на трупањето на НАТО на источното крило.