Свет

Се урна авион во станбено подрачје во Иран, има загинати (ФОТО+ВИДЕО)

Воен товарен авион од типот „Боинг 707“ се урна утринава, а сите патници се загинати, соопшти иранската војска на која припаѓаше авионот.

Како што соопштуваат од војската, загинале 15 од 16 патници во авионот. Иранските државни медиуми порано соопштија дека во авионот имало 10 луѓе, и дека се извлечени 7 тела.

„Товарен авион кој превезувал месо од Бишкек до Киргизија, мораше да слета вонредно на аеродромот Фатх затоа што еден од членовите на екипажот бил пренесен во болница“, соопшти иранската војска.

Авионот летал од Бишкек од Киргистан, а се урнал во миговите кога требало да слета на аеродромот Кираџ, источно од Техеран.

Иранските служби за вонредни ситуации соопштија дека авионот се урнал во станбено подрачје во близината на Сафадашта, мал град во близината на Техеран.


Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни