Свет

Зеленски го обвини Западот за недостаток на храброст

Зеленски го обвини Западот за недостаток на храброст

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го обвини Западот за недостаток на храброст додека неговата земја се бори, како што рече, да ја спречи руската инвазија.

-Денеска разговарав со бранителите на Мариупол. Јас сум во постојан контакт со нив. Нивната решителност, храброст и цврстина се зачудувачки, рече Зеленски во видео обраќањето, пренесено од американските медиуми.

„Кога само би имале еден отсто храброст оние кои 31 ден размислуваа како да предадат десетици авиони и тенкови“, рече украинскиот претседател.

Американските медиуми пренесуваат дека воената помош од западните земји досега не вклучуваше борбени авиони, а предлогот за префрлање на полски авиони во Украина преку САД беше одбиен поради загриженоста на НАТО дека со тоа се вклучува во воен конфликт со Русија.

-Па кој е задолжен за евроатлантската заедница? Дали е тоа сè уште Москва, благодарение на нејзината тактика на заплашување, гласно се запраша Зеленски, додавајќи дека нивните сојузници мора да ја зголемат помошта за Украина.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни