Свет

Свиленски: Бугарската социјалистичка партија е против давање воена помош за Украина

Свиленски: Бугарската социјалистичка партија е против давање воена помош за Украина

Ставот на Бугарската социјалистичка партија е јасен и остро е против давање воена помош за Украина, изјави претседателот на пратеничката група Георги Свиленски.

Бугарија веќе донесе одлука кога ќе се гласа за нејзиниот буџет, изјави Свиленски пред Националното собрание, дека ќе обезбеди хуманитарна, а не воена помош за Украина. Според Свиленски, оваа одлука не е укината и мора да продолжи да се почитува.

Повод за ваквата изјава беа консултациите што ги започна „Демократска Бугарија“ за усвојување на одлука на бугарскиот парламент да и даде мандат на владата во Софија да и пружи воена помош на Украина според нејзините можности.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со д-р Александра Грозданова, претседателка на комисијата за имунизација

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни