Свет

Русија се заканува: „Нема плаќања во рубљи, нема гас!

Русија се заканува: „Нема плаќања во рубљи, нема гас!
Русија им даде рок на „непријателските земји“ до 31 март да почнат да го плаќаат увозот на руски гас во рубли. Тоа правило треба да ги погоди земјите кои воведоа економски санкции кон Русија и ги замрзнаа девизните резерви. Ова особено се однесува на некои членки на Европската унија, кои во голема мера зависат од снабдувањето со енергија на Русија, пишува RT. Што ќе се случи по 31 март? Русија вели дека Европа нема да добие гас бесплатно доколку земјите одбијат да го платат во рубли. „Нема да испорачуваме гас бесплатно, тоа е јасно“, изјави во вторникот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. На прашањето дали ќе биде прекината испораката на гас за оние кои не плаќаат, Песков рече: „Нема плаќање, нема гас“. Тој додаде дека Русија допрва треба да донесе конечна одлука за тоа како да одговори доколку европските земји дефинитивно одбијат да платат за гас во руска валута.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни