Балкан

Во Софија средба Петков – Вархеи

Премиерот на Бугарија, Кирил Петков денеска се  сретна со еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеи, соопшти владината прес-служба.

Двајцата разговарале за ситуацијата околу војната во Украина и нејзините ефекти врз земјите од регионот.

Петков го информираше еврокомесарот Вархеи и за резултатите од средбата на лидерите на земјите-членки на НАТО од Југоисточна Европа, што се одржа во понеделникот во Софија на иницијатива на бугарскиот премиер.

Петков и Вархеи разговараа и за билатералните разговори со Република Северна Македонија.

– Во нив Владата во Софија ќе ги брани позициите на Бугарија и првпат има сериозна поддршка во Европска Унија поради новиот пристап кон Скопје, изјави Петков.

 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни