Македонија

Османи утре во работна посета на Кралството Норвешка

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре ќе престојува во посета на Осло, на покана на министерката за надворешни работи на Кралството Норвешка, Аникен Хјуитфелд.

За време на посетата, Османи ќе се сретне и со претседателката на Комисијата за надворешна политика и одбрана во норвешкиот Парламент, Ине Ериксен Сораиде, а Агендата на министерот Османи предвидува и учество на промоција на трговската комора меѓу Северна Македонија и Норвешка. Во рамките на посетата, Османи ќе се сретне и со претставници на нашата дијаспора во Норвешка.

Целта на посетата е унапредување на билатералните односи, со посебен акцент на економската соработка, развојот на бизнис секторот и разгледување на можностите за инвестиции од оваа скандинавска земја. Во рамките на состаноците се очекува да се  разменат мислења и за севкупната безбедносна состојба на европскиот континент во контекст на актуелниот геополитички моментум, со фокус на сојузништвото во НАТО и соработката на двете земји во Алијансата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни