Свет

Војната во Украина: Жестоки битки кај Буча, Чернихив и Мариупол

Војната во Украина: Жестоки битки кај Буча, Чернихив и Мариупол

Рускиот претседател Владимир Путин на 36-тиот ден од војната потпиша указ со кој од утре се бара рускиот гас да се плаќа во рубљи.

Во меѓувреме, Москва повлекува некои сили од периферијата на Киев за да се прегрупираат, но останатите нејзини војници продолжуваат да се спротивставуваат на украинските контранапади околу главниот град, според западните разузнавачи.

Руските сили сè уште држат позиции околу Киев. Гранатирањето продолжува не само во главниот град, туку и во градот Чернигов, и покрај ветувањата на Москва за намалување на непријателствата таму. Тешките борби продолжуваат во пристанишниот град Мариупол. Москва исто така ги засилува операциите во Донбас.

Жителите на регионот Киев пријавија тешки борби. Локалните медиуми покриваат сцени на уништување во градот Буча и на автопатот кон Киев.

Локалниот жител Сергеј има среќа – на полноќ, неколку минути пред следниот бомбашки напад, тој и неговата сопруга се вселиле во куќата на неговиот брат од другата страна на селото.

„Напад ноќе, напад наутро. Удираат кога луѓето одат во кревет или веќе спијат“, коментира Сергеј.

Гранатирањето во Чернигов продолжува. Иста е ситуацијата и во Донбас. Конвој од 45 украински автобуси беше испратен во Мариупол за испорака на хуманитарна помош и транспорт на цивили.

По три недели борби за источниот град Изум, во близина на Харков, украинските војници предупредуваат дека борбите допрва почнуваат.

„Тие утврдуваат патишта, градат барикади, гранитни блокови и видовме стотици војници на оклопни борбени возила како се движат кон линијата на фронтот“, рече дописникот на Sky News, Џон Спаркс.

Украинската армија се подготвува за нови битки во источниот дел на земјата, најави и претседателот Зеленски.

„Постои преговарачки процес. Но, ова се сепак зборови. Засега нема специфики“, изјави украинскиот претседател.

Во исто време, Белата куќа тврди дека рускиот претседател Владимир Путин бил доведен во заблуда од неговите генерали за целосната слика за акциите на Русија во Украина.

Повеќе руски војници се на пат кон Украина, велат експерти од Институтот за воени студии со седиште во Вашингтон.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни