Неколкуте полициски екипи кои беа во атарот на селото Бујковци се повлекоа откако повеќе од три часа го пребаруваа терен откако се појави информацијата дека паднал мал авион, дрон или друго воздухопловно тело, јавува од терен репортерот на 4NEWS.mk
Од Министерството за внатрешни работи велат дека воопшто кај нив немало пријава за воздухопловен инцидент, туку екипи се испратени откако се појавила информација за тоа.
Од Агенцијата за цивилно воздухопловство исто така потврдија дека кај нив нема пријавено ништо. Додаваат дека секој лет на дрон се пријавува кај нив, освен за мали дронови за кои тоа не е потребно.
Со дел од жителите кои разговаравме додека престојувавме во селото, и сите со различни верзи.
Првата е дека виделе бел летечки објект на кој подоцна му изгубиле оптичка видливост.
Втората е дека виделе мал авион кој го преминал ридот, па се слушната експлозија.
И третата верзија е дека паднат е дрон на НАТО.
Ниту една од овие три верзии до моментов не е потврда.