Свет

Шефот на Европскиот парламент во посета на Киев

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола во петокот неочекувано го посети Киев и вети поголема помош од ЕУ за одбрана на Украина.

Таа на Твитер објави фотографија од нејзината средба со претседателот Володимир Зеленски, со слоганот „храброст, сила, решителност“.

Таа им се обрати и на пратениците во украинскиот парламент. „Украинскиот народ е херои; вие се борите за она во што сите ние веруваме: слобода, демократија, владеење на правото. Без овие вредности, нема ништо друго“, рече таа. „Ни требаат повеќе и построги санкции [на Русија]. “, додаде таа.

Минатиот месец премиерите на Полска, Чешка и Словенија – Матеуш Моравјецки, Петр Фиала и Јанез Јанша, соодветно – го посетија Киев заедно за да покажат солидарност со Украина.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни