Претходните денови по белградските улици, кои се малку „мрачни“ се појавија билборди со необични пораки, алудирајќи на вечните дилеми на белграѓани.
Секојдневното пробивање на сообраќајниот метеж и вечната дилема кој мост да се помине преку Сава дополнително го подгрева „мракот“ на билбордите.
На почетокот на Бранковиот мост има билборд „Подобро да одев преку Савски..“ а во близина на мостот Сава се појави пораката „Подобро да поминев преку Бранковиот..“.
Истовремено, на социјалните мрежи на Економскиот факултет се појавија фотографии од билборди со порака – „Подобро да се запишев на Правен“, во студентскиот дом „Лола“ – „Подобро да изберев Студенјак…“ , на Студенјак „Подобро да изберев Лола“ ..“ и така натаму.
На овие билборди реагираа белграѓани, особено познати твитерџии и локални корисници на Инстаграм, кои се прашуваа кој стои зад овие пораки, но никој се уште не излезе со тврдење кој би можел да биде.
Очигледно се работи за нечија кампања, која, судејќи по првите реакции на јавноста, веќе им падна во очи. Сега останува само да видиме за што се работи и кому се однесува кампањата.