Во ноќното видео обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека воената ситуација на истокот на земјата и понатаму е многу тешка. Тој, исто така, рече дека руските трупи на север се повлекуваат „полека, но забележливо“: Но, тој предупреди дека се подготвуваат за нови жестоки напади во Донбас.
„Ни претстојат тешки битки. Не можеме да мислиме дека веќе ги поминавме сите тестови“, рече Зеленски.
Тој, исто така, рече дека повеќе од 3.000 луѓе се евакуирани од опколениот Мариупол.
Руските сили создаваат „целосна катастрофа“, оставајќи мини околу куќите, па дури и телата, изјави украинскиот претседател Зеленски.
„Тие ја поткопуваат целата територија. Разнесуваат куќи, креваат опрема, дури и тела на убиените. Поставија многу жици, а зад себе оставија многу други опасности“, рече Зеленски.
Зеленски рече дека Украинците треба да почекаат додека не се уверат дека мините се исчистени и оти заканата од гранатирање поминала, пред да се обидат да го продолжат својот нормален живот.