Свет

Урсула фон дер Лајен: Сторителите на воените злосторства ќе одговараат

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ги осуди „неописливите ужаси“ снимени во областите каде што Русија се повлече.

Фон дер Лајен повика на независна истрага, нешто што претходно изјави британската министерка за надворешни работи Лиз Трас. Извештаите велат дека руските сили егзекутирале цивили и ги закопале во масовни гробници во Буча.

Претседателот на Европската комисија испрати јасна порака:

– Сторителите на воените злосторства ќе одговараат.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни