Свет

Градоначалникот на Буча: „Нема да и простиме“ на Русија за злосторствата што се случија овде

Градоначалникот на Буча: „Нема да и простиме“ на Русија за злосторствата што се случија овде

Откако се појавија слики од цивилни тела расфрлани низ улиците на Буча, град во близина на украинската престолнина Киев, градоначалникот Анатолиј Федорук преку преведувач утрово изјави за Си-Ен-Ен дека „нема да му простaт на рускиот народ за злосторствата што се случија овде.

Тој рече дека „половина град е уништен“ и дека градот сега е зафатен со „транзиција од воена основа во мирнодопско живеење“.

Тие работат на идентификација на телата на цивилите кои се застрелани, за кои градоначалникот Федорук рече дека „се неселективно убиени од руските окупатори.

Многу од нив се постари луѓе. Добиваме впечаток дека руските окупатори добија зелено светло од Путин и Шојгу, рускиот министер за одбрана, да направат сафари во Украина, а тие не можеа да го заземат Киев, па ја исфрлија својата фрустрација на Буча и околните области“, додаде тој.

Околу 3.000 луѓе останаа во градот, кој вообичаено има околу 500.000 жители, за месецот на руската окупација, според градоначалникот кој исто така одлучил да остане.

Сите тие беа „сведоци на ужасните настани“.

Градоначалникот Федорук истакна дека многу деца и тинејџери биле жртви на масакрот, и покрај тоа што не претставуваат „никаква закана“ за руските трупи.

„Беше невозможно да не се види дека се деца, да не се види дека мајка носи дете“, изјави тој за Си-Ен-Ен.

Тој рече дека можеме да очекуваме да ја видиме истата слика на злосторства од Киев до Мариупол, секаде каде што стапнале руските окупатори, додавајќи дека она што Путин го опиша како „деназификација“ е всушност „дехуманизација на Украинците“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни