Балкан

Каменос: Ние велиме никаква употреба на терминот Македонија и ова го вели мнозинството од грчкиот народ

Лидерот на Независни Грци, Панос Каменос во интервју за грчката телевизија Стар изјави дека на сите начини што уставно му стојат на располагање, ќе направи се за Владата да не добие доверба, бидејќи тоа е поврзано со Договорот од Преспа и ќе се направи се што може за да се блокира овој договор.

 „Оваа влада бара гласање доверба за Договорот од Преспа, според тоа оваа влада нема доверба од нас. Дај Боже Ципрас да сменеше мислење, се потрудив многу околу тоа, објасни Каменос, кој рече дека тие ќе направат се и за да го блокираат Договорот од Преспа, а во недела ќе учествуваат на протестот закажан во Атина.“, изјави Каменос.

Лидерот на Независни Грци упати отворен повик до претседателот на Нова демократија, да го прифати неговиот услов „да не постои никакво решение со терминот Македонија, да не се продаде името Македонија и да не се преговара за договор како оној од Преспа со терминот Македонија“, и во тој случај, Каменос заедно со Мицотакис ќе потпише иницијатива за гласање недоверба на владата „за да падне оваа влада и следната влада да го спаси името Македонија“.

„Ние велиме никаква употреба на терминот Македонија и ова го вели мнозинството од грчкиот народ. Можеме сега да блокираме. Уште вечерва, Кирјакос Мицотакис како лидер на Нова демократија нека преземе одговорност и јас му ветувам дека утре наутро во Парламентот ќе ја потпишам иницијативата за гласање недоверба, порача Каменос, префрлајќи ја топката и упатувајќи обвинувања до опозициската Нова демократија“, рече Каменос.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни