Македонија

Тачи: Две третини од Македонците ја поддржуваат Русија – членството во НАТО беше стратешка цел на Албанците

Тачи: Две третини од Македонците ја поддржуваат Русија – членството во НАТО беше стратешка цел на Албанците

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека две третини од Македонците ја поддржуваат Русија.

„Факт е дека две третини од Македонците ја подржуваат Русија, се гледа тоа многу јасно. Среќа за оваа држава, а посебно за Албанците што имаме една партија како СДСМ која собра храброст и политичка храброст да решава овие децениски прашања, проблеми, посебно во однос на Албанците. СДСМ ги губи изборите од националистичките сили во државава“, вели Тачи.

Тој истакна дека членството во НАТО било стратешка цел на Албанците и воопшто на оваа држава и не смее да се релативизира зачленувањето во Алијансата.

„Посебно сега, по украинската војна јасно се гледа дека тоа членство ја спаси државата, а посебно Албанците. Да ве потсетам што рече поранешниот премиер на Грција Ципрас неодамна. „Вие ме соборивте од власт заради тоа што го решив проблемот со Македонија, но да не го направев тоа сега Русија ќе беше на нашите граници“, порача Тачи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни