Свет

Претседателката на Европската комисија оди во Киев

Претседателката на Европската комисија оди во Киев

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен оваа недела ќе отпатува за Киев на средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Портпаролот на Комисијата на Европската унија (ЕУ) Ерик Мамер на својот Твитер профил објави дека претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен ќе биде придружувана од високиот претставник на ЕУ за надворешни односи и безбедносна политика, Жозеп Борел.

Детали за посетата се уште не се објавени.

Минатата недела во Киев отиде и претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола и оствари официјални контакти.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни