Повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи во Србија го оствариле своето право на глас до 13 часот, покажуваат податоците на организацијата ЦРТА (CRTA), која го следи изборниот процес во земјата.
Според нивните податоци, до 13 часот на парламентарните избори во Србија гласале 41,1 отсто од граѓаните со право на глас. Од организацијата наведуваат дека маргината на грешка изнесува плус-минус 0,9 процентни поени.
За споредба, на парламентарните избори во Србија во декември 2023 година, до истиот термин гласале 26,6 отсто од избирачите.