Македонија

ВИДЕО Поделени очекувања пред српската амбасада во Скопје: Поддршка за студентите, критики и надеж за мир

ВИДЕО Поделени очекувања пред српската амбасада во Скопје: Поддршка за студентите, критики и надеж за мир

Поддршка за студентската листа, критики кон студентите и очекувања за мирно разрешување на политичките состојби. Различни ставови изнесоа гласачите со кои екипата на 4news.mk утрово разговараше пред Амбасадата на Србија во Скопје, каде што се гласа за изборите во Србија.

Дел од соговорниците отворено ја поддржаа студентската листа и изразија надеж дека таа ќе победи. Но, меѓу анкетираните имаше и спротивни мислења. Еден од соговорниците упати критики кон студентите, оценувајќи дека младите треба да се посветат на работата и на учењето.

За да го оствари своето право на глас, еден од анкетираните дошол од Битола, каде што живее.

Покрај очекувањата за победа, во изјавите се слушнаа и пораки за мир и мирно решение. Еден од соговорниците посочи дека промената на власта е нормален дел од демократскиот процес и дека токму затоа се одржуваат избори.

Ноќно студио

Најнова епизода

Избори Србија 2026 - отворено студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни