Балкан

Излезноста на изборите во Србија до 14 часот достигна 46,4 отсто

Излезноста на изборите во Србија до 14 часот достигна 46,4 отсто

Речиси половина од запишаните избирачи во Србија го оствариле своето право на глас до 14 часот, покажуваат најновите податоци на Центарот за слободни избори и демократија (ЦеСИД) и агенцијата „Ипсос“.

Според нивните проценки, засновани на обработени 84 отсто од податоците, до 14 часот на парламентарните избори во Србија гласале 46,4 отсто од избирачите.

Податоците се однесуваат на досегашниот тек на гласањето, а изборниот процес продолжува во текот на денот. Избирачките места во Србија се отворени до 20 часот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Избори Србија 2026 - отворено студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни