Холандските царински власти ја презедоа контролата врз 14 јахти во руска сопственост со седиште во холандски бродоградилишта, забранувајќи им на овие бродови да ја напуштат земјата.
Ова во писмо до парламентот го соопшти шефот на холандското Министерство за надворешни работи Вопке Хокстра, цитиран од медиумите.
Според него, се работи за 12 јахти во изградба, меѓу кои и суперјахти долги над 35 метри и две јахти кои се во поправка. Бродовите не можат да ја напуштат Холандија, да бидат испорачани или предадени на нивните сопственици поради санкциите против Русија.