Свет

Папата го осуди „масакрот“ во Буча и го бакна украинското знаме

Папата Франциско го осуди „масакрот на Буча“ и го бакна украинското знаме за кое рече дека му било испратено од градот за време на неговата неделна аудиенција во аудиториумот во Ватикан.

„Неодамнешните вести од војната во Украина, наместо да донесат олеснување и надеж, донесоа нови злосторства, како што е масакрот на Буча“, ја цитира Ројтерс неговата изјава.

Суровоста која е сè пострашна, дури и против цивилите, беспомошните жени и деца“.

Во вторникот во Советот за безбедност на ОН, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини руската војска за извршување на најголемите злосторства од Втората светска војна. Кремљ тврди дека нема докази дека руските војници ги извршиле злосторствата за кои се обвинети.

Папата Франциско го одвитка украинското знаме за кое рече дека му било донесено од Буча и го подигна пред публиката, која избувна во аплауз.

Тој потоа побара од група деца бегалци кои пристигнаа во вторникот од Украина да дојдат кај него.

„Овие деца мораа да побегнат за да стигнат во безбедна земја. Ова е плод на војната. Да не ги заборавиме и да не заборавиме на украинскиот народ“, рече тој, пред да му даде на секое дете по едно чоколадно велигденско јајце.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни