Унгарскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Петер Сијарто изјави дека украинскиот амбасадор во Будимпешта бил повикан во Министерството за надворешни работи со образложение дека украинските лидери ја навредиле Унгарија.
Во изјавата на својот Фејсбук профил, унгарскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Петер Сијарто нагласи дека неговата земја го поддржува територијалниот интегритет на Украина, дека им дозволуваат на луѓето кои морале да ја напуштат земјата да влезат во Унгарија, но дека руско-украинската војна не е нивна војна.
Изјавувајќи дека неговата влада нема да ја ризикува безбедноста на Унгарците, Сијарто изјави дека нема да испорачува оружје на Украина и дека нема да поддржат енергетски санкции против Русија.
Истакнувајќи дека и Унгарците ја поддржуваат политиката на владата и дека неговата влада победи на изборите одржани на 3 април во земјата, Сијарто рече:
„Дојде време украинските лидери да престанат да ја навредуваат Унгарија и да ја прифатат волјата на унгарскиот народ. Го повикавме амбасадорот на Украина во Будимпешта во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија за сето ова јасно и разбирливо да го пренесеме“, соопшти Сијарто.