Свет

Центар за операции за сајбер безбедност основан во Мароко

Центар за операции за сајбер безбедност основан во Мароко

Француската одбранбена компанија Талес објави дека основала нов оперативен центар за сајбер безбедност во Мароко со цел веднаш да одговори на сајбер нападите на африканскиот континент.

Во писмената изјава на Талес, чиј најголем партнер е француската држава, беше објавено дека ова е шести центар отворен во светот.

Во соопштението беше наведено дека овој центар отворен во Мароко веднаш ќе одговори на сајбер нападите на африканскиот континент, а беше истакнато дека африканските компании во последно време се соочуваат со сајбер напади.

Хичам Аљ, генерален директор на филијалата на Талес во Мароко, во изјавата рече дека со задоволство ги зајакнува искуствата на Талес во областа на сајбер безбедноста во Мароко.

Аљ изјави дека формирањето на овој центар ја покажува целта на компанијата да ја развие инфраструктурата за безбедност во Африка.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни