Македонија

Пендаровски на ифтарска вечера во Кондово

Пендаровски на ифтарска вечера во Кондово

Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва беше на ифтарска вечера кај семејство во скопско Кондово.

Тој преку својот Фејсбук профил им се заблагодари за гостопримството.

„На сите сограѓани од исламска вероисповед во месецот на Рамазан, ви посакувам мирен период на пост, молитва и среќни денови со вашите најблиски. Им благодарам на семејството Таналари во Кондово за гостопримството, што ми овозможија да бидам дел од нивната ифтарска вечера“, напиша Пендаровски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни