Свет

ВО КРИЗА РАБОТАТА ИМ ЦВЕТА: Колку заработи нафтената индустрија од почетокот на војната во Украина?

ВО КРИЗА РАБОТАТА ИМ ЦВЕТА: Колку заработи нафтената индустрија од почетокот на војната во Украина?

Гринпис проценува дека дополнителниот приход на нафтената индустрија во Европската унија изнесува во просек 107 милиони евра – дневно. Високите маржи јасно покажуваат дека нафтената индустрија ја искористи кризата, бидејќи цените пораснаа по целиот синџир на снабдување, додека просечните основни трошоци за производство на нафта едвај се променија.

Студијата нарачана од EnergyComment од еколошката организација Гринпис јасно дефинира колку заработила европската нафтена индустрија од почетокот на војната во Украина. Со продажба на дизел и бензин во Европа, корпорациите остварија дополнителен приход од најмалку 3 милијарди евра.

Гринпис проценува дека дополнителниот приход на нафтената индустрија во Европската унија изнесува во просек 94 милиони евра од продажба на дизел и 13 милиони евра од продажба на бензин дневно.

Анализата на EnergyComment се фокусираше на зголемените маржи на патот од првата точка, меѓународните цени на суровата нафта, до европските цени на горивата на бензинските пумпи без даноци и такси. Интересно е што цените на бензинските пумпи пораснаа многу побрзо од цената на суровата нафта, пишува магазинот ХАК.

Високите маржи јасно покажуваат дека нафтената индустрија ја искористи кризата, цените пораснаа долж синџирот на снабдување, додека просечните основни трошоци за производство на нафта едвај се променија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни