ВМРО-ДПМНЕ: МВР со различни ставови за 2 дена, нема па има убиство на ракометарот Тот, дали се крие убиецот?
Од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираа на соопштението на Министерството за внатрешни работи.
Тие велат дека МВР за два дена го променило ставот за убиството на ракометарот Даниел Тот.
„Од првичното соопштение нема траги на насилство до тоа дека е убиен со нанесување на физички смртоносни удари во пределот на главата. Различните ставови наметнуваат дилема дали МВР сака да сокрие убиство? Како МВР во првичниот извештај утврди дека нема траги на насилство врз младиот ракометар? Зошто дури два дена се даде да избегаат дел од сторителите на грозоморното убиство? Дали се вистина информациите дека власта на СДСМ и ДУИ кријат лица припадници на еден нарко картел близок до Спасовски?“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Имате вест, приказна или проблем?
Пишете ни