Тело на непознато лице извадено е денеска од реката Сава во делот познат како „Јоцина ада“ во Белград.
Според информациите во српските медиуми, засега се уште не е познато дали се работи за маж или за жена.
„Телото е во поодмината фаза на распаѓање. Го забележале граѓани кои веднаш ја алармирале полицијата. Телото е испратено на Институтот за судска медицина“ – соопштија официјалните лица.
Ова е втор леш што е пронајден денеска во Белград. Првото тело е откриено на Бановп брдо покрај трим патеката и исто така било во поодмината фаза на распаѓање.