Британските парламентарци вечерва му кажаа „НЕ“ на предлогот на британската премиерка Тереза Меј околу договорот за „Брегзит“, односно напуштањето на Обединетото Кралство од Европската Унија.
Против предлогот на Меј гласаа 432 пратеници, а за биле 202 пратеника.
Ваквиот пораз беше најавен уште неколку часа пред гласањето. Договорот за „Брегзит“ беше критикуван од сите страни, вклучувајќи ги и евроскептиците.