Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев може да биде само предавник на сопствената држава

ВМРО-ДПМНЕ со нови напади кон власта за промена на името. Уште еднаш од опозицијата најавија дека сите инволвирани ќе одговораат за објавувањето на Закони во Службен весник без потпис на претседателот на државата.

„Само Зоран Заев, Никола Димитров и Радмила Шекеринска  може да слават и да се гордеат дека го промениле името на државата и ги продале националните интереси.

Заев и неговите 81 послушници ја донесоа најсрамната и најцрната одлука во историјата на нашата држава. Тие мислејќи само на сопствените кариери и џебови нанесоа огромна штета и неправда на државата, македонскиот народ , нашите предци, но идните генерации.

СДСМ се обидува насилно да го проурка и законот за двојазичност. Овој закон урива уште еден темел на Република Македонија кој ги поврзуваше сите етнички заедници кои живеат тука.

Законот за двојазичност е уште една хипотека преку која Заев се обидува да ја плати цената за неговото доаѓање на власт и затоа ваквото однесување на СДСМ и ДУИ е срамно и неприфатливо.

Со објавување на законот во Службен весник без потпис од претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, Талат Џафери, директорот на службен весник како и сите инволвирани ќе одговараат.

СДСМ и Заев во мандат од две години не сработија ништо за да го подобрат животниот стандард на граѓаните.

Граѓаните се разочарани заради губење на името, идентитетот, историјата и културата, а Заев тоа го прогласува како херојство. Зоран Заев ја зави Република Македонија во црнило. Заев единствено што може да биде е предавник на сопствената држава и граѓаните на Република Македонија.

На Република Македонија и се потреби предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, за да може граѓаните да одлучат во каква Македонија сакаат да живеат.

Со СДСМ и Заев Македонија само оди назад и губи. За државата да оди напред, мора криминалниот картел наречен Заев и СДСМ да заминат час поскоро“, велат од опозицијата.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни