Свет

15 лица загинаа во терористичкиот напад во Кенија, напаѓачите неутрализирани

Најмалку 15 лица загинале во терористичкиот напад кој вчера се случи во еден хотелски комплекс во кенискиот главен град Најроби.

Одговорноста за нападот ја превзеде исламистичката терористичка група „Ал Шабаб“. Претседателот на Кенија Ухуру Кенијата изјави дека загинале 15 невини луѓе, и дека напаѓачите се „неутрализирани“.

Американското МНР соопшти дека меѓу загинатите е еден државјанин на САД.

Утринава од хотелот и натаму се слушале експлозии и пукотници, но властите соопштија дека повеќе не постои опасност и дека местото е безбедно, иако е забрането движење во тој дел од градот.

 

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни