Австралија е на удар од силен топлински бран кој продолжува низ целата територија на земјата, и притоа предизвикува смрт на многу животни, соопштува Си-Ен-Ен.
И додека делови на Европа се борат со рекордни минусни температури, наноси од снег и лавини, во Австралија ситуацијата е спротивна. Австрилиските власти ги предупредија граѓаните да избегнуваат излегување на отворено поради рекордно високите температури од 50 степени целзиусови, а овој топлински бран ќе се задржи и во следните неколку дена.
Поради високите температури, во југоисточниот дел од земјата на брегот се насукале повеќе од милион риби, а овој бран донесе и умирање на третина од една врста на лилјаци.