Балкан

Плакати со пратеници и со порака „Ти ќе ја предадеш нашата Македонија“ се појавија низ Грција

Плакати со фотографии на пратениците кои го поддржуваат и ќе гласаат за ратификација на Договорот од Преспа беа залепени во Солун и низ други градови во Северна Грција.

На плакатите со фотографијата и името на пратеникот стои и пораката: „…ти ќе ја предадеш нашата Македонија?“, јави дописничката на МИА од Атина.

Според медиумите во Грција, грчката полиција уапсила четири лица, две во Кожани и две во Гревена. Двајца биле пуштени на слобода, а другите двајца ќе бидат изведени пред јавен обвинител.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни