Балкан

ГОЛЕМ УСПЕХ: На Воено-медицинската академија од маж извадија тумор тежок 17 килограми

ГОЛЕМ УСПЕХ: На Воено-медицинската академија од маж извадија тумор тежок 17 килограми

Хирурзите на Воено медицинската академија во Србија предводени од потполковник д-р Мирослав Митровиќ и полковник доц. Д-р Милан Јовановиќ отстранил редок тумор со големи димензии – 17 килограми и дијаметар од 50 сантиметри

Туморот растел две години и целосно ја исполнил десната половина на абдоменот на пациентот, протегајќи се од црниот дроб до дното на малата карлица, зафаќајќи го десниот бубрег и уретерот.

Пациентот најпрвин имал три циклуси на хемотерапија, а потоа успешно бил опериран на 4 април и веќе е пуштен на домашно лекување.

– Станува збор за екстремно малигнен тумор кој може да прерасне во големи димензии. Станува збор за пациент кој има 57 години и пред две години почувствувал симптоми во вид на непријатност, а потоа и болки во стомакот. Тоа беше особено изразено при свиткување, а како што одминуваше времето, симптомите се влошуваа – објасни д-р Јовановиќ:

– Туморот беше навистина сложен и операцијата траеше пет часа. Беше ризично бидејќи се потпираше на виталните крвни садови како што се аортата и долната шуплива вена. Сите црева му биле турнати на левата страна од стомакот, поради што имал проблем со варењето.

Според д-р Јовановиќ, пациентот сега закрепнал, јаде, пие и се чувствува полесен, бидејќи од неговото тело се извадени 17 килограми. Потполковник д-р Мирослав Митровиќ истакна дека ВМА е способна да изврши многу сложени интервенции како оваа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни