Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на прес-конференција денеска го нападна Премиерот Заев дека исполнил се она што ветуваше дека нема да го исполни пред да седне на премиерската фотелја.
„Заев е човекот кој пред да дојде на власт, ветуваше дека нема да спроведе двојазичност. Како пример најавуваше градови како Струмица, Кавадарци, Радовиш каде што не се збори албанскиот јазик, за сега да спроведе двојазичност на целата територија.
Откако седна на премиерската фотеља, Заев спроведе се што ветуваше дека нема да се спроведе. Доказ дојде и вчера од Владата каде што портпаролот соопшти дека Албанци мора да бидат вработени во сите институции вклучувајќи и општини како Струмица, Радовиш, Кавадарци, Прилеп каде што нема граѓани каде што го зборуваат албанскиот јазик.
Заев нема никаков легитимет за ништо. Заев мора да си замине, а затоа се потребни предвремени парламентарни избори. Миунаа шест дена каде што ВМРО-ДПМНЕ побара на време
Заев се плаши од граѓаните, и дека ја има загубена поддршката, и атоа сака по секоја цена да остане на власт, како тој и неговите блиски да го празнат буџетот преку договори и милионски наместени тендери. Г-не заев покажете малкуи храброст и распишетепредвремени парламентарни избори.
Граѓаните не ви дадоа легитимет за менување на името, ниту за двојазичноста, ниту за било какви промени на уставот“, рече Јанушев кој што прикажа и видематеријали како доказ за ветувањата на Заев пред изборите.