Свет

Путин пристигна во Белград – „Ова е предупредување за западот“, вели Би Би Си

Рускиот претседател Владимир Путин со задоцнување од час и половина пристигна во Белград со што почна неговата сториска посета, како што најавија српските медиуми. Тој со српскиот претседател Александар Вучиќ ја оствари 14-та средба, втора во Белград. Централна тема на средбата беше Косово и подршка што и ја дава Русија на Србија, можното вклучување на Русија во косовскиот дијалог и воено-политичката неутралност на Србија, во поглед на НАТО.

Офцијалниот дел се одвиваеше во Палатата Србија каде се потпишани 21 договор, вредни повеќе стотици милиони евра, на полето на инфраструктурата, железниците, земјоделието, иновациите, образованието, дигитализацијата. Но, Би Би Си објави текст во кој се вели дека посетата на Путин на Белград е практично предупредување за Западот.

Како што истакнува британскиот јавен сервис, ја предводи моќната руска делегација во посетата на Србија со цел да ја зацементира соработката со Србија, која сака да се придружи на Европската Унија. Воедно, во текстот се поставува прашањето зошто Србија продолжува да го демонстрира присуството на Русија во таа земја, а од друга стана постојано потенцира дека сака да биде дел од ЕУ и НАТО.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни