Два ракетни напади вечерва во центарот на Киев. Се разјаснуваат информациите за жртвите, изјави градоначалникот Виталиј Кличко.
Русија го погоди Киев со крстаречки ракети токму во моментот кога генералниот секретар на ОН Анотио Гутереш и бугарскиот премиер Кирил Петков го посетија нашиот главен град, напиша на Твитер украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба.
Со овој грозоморен чин на варварство, Русија уште еднаш го демонстрира својот однос кон Украина, Европа и светот, рече Кулеба.
Се уште не е јасно дали бугарската делегација предводена од премиерот на Бугарија Петков ја напуштила Украина.