Ивица Дачиќ, носителот на листата на коалицијата „Фактор на стабилност“ на парламентарните избори, вечерва изјави дека не е задоволен од резултатот што го постигна Социјалистичката партија на Србија, но додаде дека ова е само една изгубена битка.
По објавувањето на резултатите од парламентарните избори, Дачиќ изјави дека сите државни органи ќе обезбедат зачувување на јавниот ред и мир.
Владееше атмосфера „како на референдум“, рече Дачиќ, додавајќи дека немало простор за „трета страна“ – позиција што инаку би ја зазела неговата листа.