Македонија

СДСМ: Блокадата на Собранието е нарачана од Груевски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во време кога државата како и целиот континент се соочува со економска и енергетска криза, наместо да понуди конструктивност, најавува нови засилени блокади, реагираат од СДСМ.

-Очигледно е дека Мицкоски дејствува по наредба на неговиот шеф во Будимпешта, Никола Груевски, како што е очигледно дека ваквото засилено деструктивно однесување доаѓа само десеттина денови по објавената Црна листа на САД каде се најде и Груевски.

Седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ закажана за вечерва е обична фарса.

Одлуката е веќе донесена, нарачана е од Груевски, а Мицкоски со своите соработници само ќе ја спроведе, соопштија од СДСМ.

Мицкоски, чија иницијатива за блокада се очекува и формално да ја одобри Извршниот комитет на партијата, се правда дека на ваквиот потег го натерало однесувањето на владата предводена од СДСМ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни